Дома Останати Тенис Емотивна порака на Ѓоковиќ до жртвите во трагедијата во Нови Сад

Емотивна порака на Ѓоковиќ до жртвите во трагедијата во Нови Сад

Нови Сад вчера беше погоден од страшна трагедија во која животот го загубија 14 лица откако се сруши дел од Железничката станица.

Србија и целиот регион се потресени од ваквиот трагичен настан, а пораки пристигнуваат од сите страни.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Помеѓу оние кои се огласија е и Новак Ѓоковиќ кој испрати емотивна порака.

„Моето срце е со сите погодени од трагедијата во Нови Сад. Нашето најдлабоко сочувство, мисли и молитивни за семејствата на загинатите“, објави Ѓоковиќ.

Покрај загинатите во трагедијата беа повредени и уште 30 лица, а надлежните и понатаму работат на процена на ситуацијата и обезбедување помош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Идол ми е Новак Ѓоковиќ, сакам да освојам многу Гренд слемови“: На само 17 години тенисер сонува да биде најдобар во свет

Францускиот малолетен тенисер Моисе Куаме направи вистинска сензација по првото коло на ту…