Барселона е силно заинтересирана за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесуваат шпанските медиуми.
Ханзи Флик го посочил Фримпонг како приоритет за следното лето и инсистира да му биде доведен во тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фримпонг пристигна во Леверкузен од Селтик за 11 милиони евра и има договор со „фармацевтите“ до 2028 година, а се етаблираше во еден од најдобрите бекови во Бундеслигата.
Премиерлигашите ги следат неговите настапи веќе подолого време, но Барселона сака да ја победи конкуренцијата.