Според последните информации екипата на Ливерпул е заинтересирана во своите редови да го доведе Омар Марумуш од Ајнтрахт Франкфурт кој оваа сезона игра во одлична форма.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сонародникот на Мохамед Салах на 13 натпревари постигна седум гола и запиша пест асистенции и поради тоа јасно е зошто Арне Слот сака да го види во својот тим.
Инсајдерот на „Скај“, Флоријан Плетенберг тврди дека Ливерпул веќе ги контактирал претставниците на фудбалерот и во Ајнтрахт се запознаени со систуацијата.
Неговиот договор со Ајнтрахт има важност до 2027 година, а вкупно од доаѓањето одигра 54 натпревари во кои постигна 28 гола и запиша 13 асистенции.