Пеп Гвардиола како фудбалер одигра 384 натпревари во дресот на Барселона и со шпанскиот гигант освои 15 титули, додека како тренер на клупата седеше 247 натпревари од 2008 до 2012 година.
Како предводник на Манчестер Сити, Пеп сега зборуваше за актуелната ситуација во неговиот поранешен клуб.
Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
„Сметам дека Барселона не би требало да го менува својот тим. Сите кои гледаат однадвор, гледаат дека ова е нешто поинакво. Тимот има харизма и посебен сјај. Може ли да се даде поголем комплимент“, изјави Пе.
Додека изгледа одлично на теренот, Барселона се соочува и со финансиски проблеми.
„Во Барселона пристигнуваат удари од сите страни секој ден. Најмногу ги боли луѓето во клубот. Секојдневно таму е водат мали војни. За сопственосто здравје е подобро да не учествувате во нив“, истакна шпанскиот стратег.