Дома Фудбал Италија Дибала се изедначи со Тоти и Игуаин

Дибала се изедначи со Тоти и Игуаин

Аргентинецот Паоло Дибала беше херој во победата на Рома над Торино постигнувајќи го единствениот гол во победата од 1:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со овој гол Дибала изедначи по едно достигнување со Франческо Тоти и Гонзало Игуаин.

Имено, ниту еден фудбалер во Серија А нема постигнато повеќе погодоци од Дибала во натпревари кои се играле од понеделеник до петок. Аргентинецот има 33, исто колку и Тоти, додека Имобиле е на 32.

Исто така Дибала дојде до бројката од 125 гола во Серија А и стана третиот најдобар аргентински стрелец во Серија, толку погодоци има и Игуаин. Пред него се само Ернан Креспо (153) и Габриел Батистута (184).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Момчето е измамник“: Клубот бара 150 милиони евра, а тој не испрати удар кон голот за време на СП!

Младата ѕвезда Јан Диоманде има разочарувачки настап на Светското првенство. Овој 19-годиш…