Дома Топ вести Реал Мадрид и Валенсија одложениот натпревар ќе го одиграат дури во мај?

Реал Мадрид и Валенсија одложениот натпревар ќе го одиграат дури во мај?

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Валенсија кој требаше да се одигра викендов во сабота беше одложен поради катастрофалните поплави кои ја погодија Валенсија.

Засега не е познато кога натпреварот ќе биде одигран. Се најавува дека Ла Лига ќе го предложи 5-ти ноември како датум, но поради календарот на двете екипи, посебно на Реал Мадрид не е исклучено средбата да се одигра кон крајот на сезоната во мај.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во Лигата на шампионите со новиот формат има и два нови термини во јануари, па тоа го прави проблемот уште посложен. „Кралевите“ исто така ги чека настап на Интерконтиненталниот куп во Катар на 18-ти декември, додека од 6 до 12 јануари на програмата Суперкупот во Саудиска Арабија.

Многу работи ќе зависат и од тоа дали Реал ќе заврши помеѓу најдобрте осум во Лигата на шампионите и на тој начин би го избегнал плеј-офот за следната фаза кој треба да се игра на 11/12 и 18/19.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…