Фудбалерите на Фиорентина играат во добра форма и вчера ја забележаа четвртата победа во низа во Серија А, а еден од најзаслужните секако беше Давид Де Геа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанскиот чувар на мрежата го напушти Манчестер Јунајтед како слободен играч откако клубот одлучи да не му го продолжи договорот, но во Серија А брани како во најдобрите денови.
Де Геа е прв на листата по успешни одбрани во најсилната италијанска лига со 82%, а исто така има во просек по 4.1 одбрана по натпревар. Успеа да одбрани и два пенали и во три натпревари остана несовладан.