Селекторот на машката сениорска репрезентација Кирил Лазаров го објави конечниот список на повикани ракометари за стартот на квалификациите за Европското првенство во 2026 година.
Во рамки на ЕХФ Неделата нашата сениорска селекција ќе оддигра два квалификациски натпревари против Естонија и Литванија. Нашите најдобри ракометари во првото квалификациско коло ќе играат против селекцијата на Естонија во СЦ „Борис Трајковски“ и тој натпревар е закажан за 06.11.2024 (среда) со почеток во 20:00 часот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во второто квалификациско коло четири дена подоцна избраниците на Лазаров ги очекува гостување во Литванија.
Како најголемо изненадување на списокот може да се смета тоа што Никола Митревски е помеѓу резервите во случај да има откажувања, а предност добија двајцата голмани на Алкалоид, Марко Кизиќ и Иван Галевски, како и Томовски од Потсдам.
Собирот се закажува за ден 3-ти Ноември 2024 година (недела) со почеток во 14.00 часот во Хотел Карпош во Скопје.