Дома Останати Кошарка НБА Трипл-дабл како на Јокиќ во НБА не се памети од времето на Оскар Робертсон – пред 62 години!

Трипл-дабл како на Јокиќ во НБА не се памети од времето на Оскар Робертсон – пред 62 години!

Српскиот центар Никола Јокиќ блеска во НБА лигата, а изминатата вечер оствари трипл-дабл каков што во НБА лигата немало 62 години.

Имено, Јокиќ во победата над Бруклин по продолжение од 144:129 имаше учинок од 29 поени, 18 скокови и 16 асистенции. Ваков трипл-дабл во најсилната кошаркарска лига немало уште од времето на Оскар Робертсон.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


За Јокиќ ова беше и седми натпревари во неговата кариера со 25 поени во комбинација со 15 или повеќе асистенции, а во комплетната НБА лига сите активни играчи немаат одиграни толку такви средби заедно.

Џамал Мареј и Арон Гордон против Бруклин му беа одлична поддршка со по 24 поени, додека на спротивната страна Денис Шрудер стигна со 28 поени и 14 асистенции.

За Денвер ова беше втор триумф во низа откако го победија Торонто, а сезоната ја започнаа со два порази од Оклахома и Клиперс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…