Дома Фудбал Манчини објасни зошто повеќе не е селектор на Саудиска Арабија: Во такви услови не можам да гарантирам пласман на СП

Манчини објасни зошто повеќе не е селектор на Саудиска Арабија: Во такви услови не можам да гарантирам пласман на СП

Италијанецот, Роберто Манчини објасни зошто повеќе не е селектор на Саудиска Арабија.

Искусниот стратег за првпат даде изјава во јавноста со која зборуваше за причините.

„Саудиска Арабија има многу компетентни луѓе. Проблемот е што репрезентацијата нема искуство за одреден тип на фудбал. Се сменија многу работи со зголемувањето на бројот на странци и локалните играчи добиваат се помалку минутажа. Во такви услови не можам да гарантирам пласман на Светско првенство“, изјави Манчини.

Манчини на клупата на Саудиска Арабија седна во август минатата година и не оствари некој значителен успх.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаштаров без страв пред Шкотска, Македонија бара излез од серијата порази

Младиот репрезентативец го дочекува гостувањето во Глазгов без притисок. Македонија вечерв…