Ракометарите на Еурофарм Пелистер вчера на домашен терне во Битола го претрпеа петтиот пораз во шестиот натпревар сезонава во Лигата на шампионите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Унгарски Веспрем беше подобар од битолскиот состав со 23:30. Во натпреварот избраниците на Звонко Шундовски имаа ретки блесоци, а еден таков беше голот на Урош Борзаш по додавањето за цепелин од Нејц Цехте.
Овој гол беше избран и за трет најубав во колото од европската елита. На првото место се најде голот на Пранди од ПСЖ, додека втор е Аркадиуш Мориото од Кјелце.