Заедничката комисија за жалби на Професионалната фудбалска лига (ЛФП) в петок ќе донесе одлука за финансискиот спор меѓу клубот Пари Сен Жермен и Килијан Мбапе.
Францускиот фудбалер бара од ПСЖ 55 милиони евра, бидејќи тврди дека во последните месеци во парискиот клуб не добивал плата и бонуси како другите играчи. ПСЖ одбива да ја плати таа сума.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
ЛФП првично му наложи на парискиот клуб да му плати на Мбапе, но ПСЖ поднесе жалба до Заедничката комисија за жалби и одлуката се очекува в петок.