Англиската Премиерлига заедно со британските ТВ-мрежи се договорија, сепак, да нема фудбалски преноси на Бадник, односно на 24-ти декември.
Најавата беше дека мечот Арсенал-Ливерпул ќе биде преместен од 23 декември на 24 декември, на што луто реагираше тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, како и навивачите на двата клуба.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Наместо тоа, дуелот сега ќе се одигра на 22 декември, додека другите девет меча ќе се играат на 23 декември, почнувајќи од Евертон-Челзиво 13.30 часот и завршувајќи со Лестер-Манчестер јунајтед во 20.45 часот.
„Имаме натпревари за викендот, па потоа традиционално за Божиќ. Беше тешко да се направи распоредот“, изјави претседателот на Премиерлигата, Ричард Скадамор.
Премиерлигата е единствената од елитните европски лиги во кои има натпревари околу Божиќ, нешто што е вклопено во историјата на англискиот фудбал. До 1958 година сите натпревари се играа точно на Божиќ.