Дома Фудбал Мурињо чека казна за Сити, за да добие титула од Јунајтед

Мурињо чека казна за Сити, за да добие титула од Јунајтед

Жозе Мурињо со Фенербахче ќе се соочи со неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.

На пресконференцијата Мурињо се пошегува дека неговиот поранешен клуб би можел да стане шампион на Англија за сезоната 2017/18 доколку Манчестер сити биде казнет за 115-те финансиски прекршоци за колку што се води истрага против нив.

Јунајтед предводен од португалскиот стручњак, таа сезона заврши на второто место во Премиер лигата, со 19 бода зад Сити.

„Знаете дека во сезоната 2017/18 ја освоивме Лига Европа и бевме втори во првенството, а јас мислам дека се уште имаме шанси да ја освоиме и таа титула. Ако Сити биде казнет со одземање бодови, можеби ние ќе бидеме шампиони, што значи дека ќе треба да добијам медал, а Јунајтед ќе треба да ми исплати бонус“, изјави иронично Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…