Дома Фудбал Останато Мурињо во Инстанбул живее во хотел, веќе потрошил богатство

Мурињо во Инстанбул живее во хотел, веќе потрошил богатство

За разлика од некои претходни ангажмани и клубови во кои работеше, познатиот португалски тренер Жозе Мурињо oдлучи да не купува куќа во Истанбул, туку да живее во луксузен хотел како тренер на Фенербахче.

Мурињо летово пристигна во Фенербахче со надеж дека по 11 долги години ќе му ја врати титулата турски шампион. Сепак, ако се суди по стартот на новата сезона, ќе биде повеќе од тешка задача бидејќи лидерот Галатасарај веќе бега со големи осум бода на врвот на табелата.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Португалскиот стратег полека се навикнува на животот во Истанбул, а она што е интересно е што за време на овој ангажман одлучил да остане во хотел, како што беше случајот кога раководеше со Манчестер Јунајтед, наспроти куќите кои ги поседуваше додека беше на клупата на Реал Мадрид и Челзи.

Двократниот освојувач на Лигата на шампионите одлучи да живее во луксузниот хотел „Four Seasons“ на брегот на Босфорот за време на неговиот ангажман во Фенербахче. Најевтината соба во овој луксузен хотел чини 1.200 евра од ноќ.

Тоа значи дека Португалецот во изминатите 141 дена потрошил 170.000 евра, а нема намера да застане тука, бидејќи голема е веројатноста уште долго да остане на клупата на овој истанбулски гигант и покрај лошиот старт. Тој пристигна да создаде проект со кој на крајот ќе ја симне Галатасарај од врвот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Мадрид реприза од минатогодишното финале во ЛШ

Продолжува третото коло во Лигата на шампиони, а најинтересниот дуел се игра во Мадрид, ка…