Референдумот за отцепување на Каталонија предизвика голема „бура“ во Шпанија, но и во цела Европа. Целата ситуација се одрази и на фудбалот во Шпанија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Особено главна тема во спортските медиуми беше веста дека доколку дојде до отцепување на Каталонија, Барселона нема да може повеќе да игра во Примера.
„Искрено, не можам да ја замислам Шпанија без Каталонија, а ни Примера баз Барселона“, изјави Флорентино Перез кој се осврна на наводната напнатост помеѓу Серхио Рамос и Жерар Пике во репрезентацијата.
„Во репрезентацијата треба да играат најдобрите, мора да биде добра атмосферата и сите мора да бидат како еден, без кланови. Токму тоа го видов на последниот натпревар на Шпанија, заедништво на тимот“, заклучи Перез.