Дома Останати Кошарка Пешиќ останува селектор на српската кошаркарска репрезентација

Пешиќ останува селектор на српската кошаркарска репрезентација

Трофејниот кошаркарски тренер Светислав Пешиќ ќе остане селектор на српската кошаркарска репрезентација до крајот на Европското првенство во 2025 година.

Новиот претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија, Небојша Човиќ се сретнал со Пешиќ и „начелно договорил соработка до крајот на Европското првенство во 2025 година“

Се очекува ова првенство да биде проштално за Пешиќ, а најавите се дека по одличните игри во Париз сите ѕвезди, предводени од Никола Јокиќ ќе бидат дел од репрезентацијата.

Без разлика на резултатот на ЕП по завршувањето на шампионатот Србија ќе бара нов селектор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…