Младата репрезентација на Македонија до 19 години одигра нерешено 1:1 против соодветната селекција на Луксембург во рамките на последното коло од Уефа квалификацискиот турнир за пласман во следната елитна фаза квалификации за ЕП 2025 година.
Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ не успеаа да издвојуваат победа против домаќинот на турнирот, на крајот завршивме како последни во групата зад Луксембург и Летонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во вториот натпревар од нашата група, Летонија успеа да ја совлада репрезентацијата на Словачка со 2:0.
Македонија рано уште во 8. минута поведе со 1:0. Домингос во последната минута од првиот дел успеа да го израмни резултатот и да ги постави конечните 1:1.