Дома Трансфер зона Јунајтед повторно на „шопинг“ во Минхен: Англискиот гигант сака тројца играчи на Баерн?

Јунајтед повторно на „шопинг“ во Минхен: Англискиот гигант сака тројца играчи на Баерн?

Како што стојат работите, Манчестер Јунајтед би можел да направи промени во играчкиот кадар и во јануарскиот преоден рок.

Јунајтед летово ги одведе Матијас Де Лихт и Мазрауи од Баерн Минхен, а сега „црвените ѓаволи“ повторно се поврзуваат со играчи на гигантот од Минхен.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Според најавите клубот од „Олд Трафорд“ е спремен да потроши над 200 милиони евра. Наводно, раководството како желби ги означило Леон Горецка, Лерој Сане и Алфонсо Дејвис кои и претходно се поврзуваа со заминување од Минхен.

Горцека со Компани не добива минутажа каква што посакува, а таква е ситуацијата и со Сане. Англичаните пишуваат дека ЈУнајтед во јануари ќе се обиде да ги доведе овие двајца, додека ситуацијата со Дејвис е поинаква.

Канаѓанецот е стандарден, меѓутоа одбива да го продолжи договорот кој му истекува на крајот од сезоната, Јунајтед го контактирал и ја разгледувал опцијата да го доведе како слободен играч без оштета идното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Сити сака да ја поправи грешката со Палмер, но ќе плати 150 милиони евра?

Кол Палмер игра неверојатен фудбал откако се пресели во Челзи минатиот септември за сума о…