Дома Трансфер зона И Португалец е опција за наследник на Модриќ?

И Португалец е опција за наследник на Модриќ?

Лука Модриќ на крајот од актуелната сезона ќе го напушти Реал Мадрид, а Флорентино Перез веќе размислува за негова замена.

Познато е дека негова најголема желба е Флоријан Вирц, но исто така и Баерн Минхен го следи неговиот потпист, се споменува и Ливерпул, па сигурно тоа нема да биде лесна „операција“.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека во игра за ново име во редовите на Реал Мадрид Витиња од Пари Сен Жермен.

Португалецот се покажа како големо и вистинско засилување за избраниците на Луис Енрике, кои нема така лесно да се откажат од него, особено не поради Реал Мадрид.

Витиња има 24 години, се проценува на над 50 милиони евра, но сигурно ПСЖ ќе бара и повеќе.

За разлика од Вирц, Витиња е повеќе централен отколку офанзивен играч за врска и сигурно би бил вистинската замена за Модриќ според неговиот профил.

Засега планот останува веројатно Вирц, меѓутоа останува да се види како се ќе заврши.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јунајтед повторно на „шопинг“ во Минхен: Англискиот гигант сака тројца играчи на Баерн?

Како што стојат работите, Манчестер Јунајтед би можел да направи промени во играчкиот када…