Maкедонската фудбалска репрезентација на две кола пред крајот на актуелното издание од Лигата на нации скоро и да го обезбеди првото место и треба да се случи неверојатен расплет на настаните за да не бидеме победници во групата, меѓутоа има зошто и да го дадеме максимумот до крајот.
Прво, тоа би донело привилегии во борба за пласман на Светското првенство преку плеј-оф каде што се пласираат најдобрите 25 екипи од Лигата на нации, но може да поставиме и рекорд.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Досегашниот рекорд на македонската репрезентација во Лигата на нации беше 15 бода со кои го освоивме првото место во лигата „Д“ од каде што подоцна се пласиравме на Европското првенство.
Во следните две учества освојувавме девет и седум бода. Сега по четири натпревари имаме десет и со победи против Летонија и Фарски Острови, дуели кои ги играме на домашен терен би стигнале до 16 бода. Тоа е и рекорд во Лигата на нации, досега по толку бода освојуваа Грузија двапати, Франција, Холандија и Велс.