Дома Фудбал Потврда за одличната форма: Палмер доби уште едно признание

Потврда за одличната форма: Палмер доби уште едно признание

Репрезентативецот на Англија Кол Палмер е добитник на признанието фудбалер на годината во англиската репрезентација.

Напаѓачот на Челзи ја доби наградата по одличните настапи за репрезентација, токму тој беше стрелец на единствениот гол за „Гордиот Албион“ во финалето против Шпанија кој на крајот сепак не беше доволен да стигнат до трофејот.

До оваа награда Палмер стигна така што на првенството не одигра ниту еден натпревар од почетокот до крајот и во сите натпревари или влегуваше како резерва или беше заменет пред крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…