Дома Трансфер зона Реал Мадрид како замена за Модриќ носи негов сонародник?

Реал Мадрид како замена за Модриќ носи негов сонародник?

Прекрасниот гол на Лука Сучиќ на дуелот на неговиот Реал Сосиедад против Атлетико Мадрид го одбележа деветтото коло во шпанската Примера.

Хрватскиот играч за врска, роден во Линц, Австрија со фантастичен удар ја „собра пајажината“ од голот на Јан Облак и тоа беше негов првенец во Ла Лига.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Само неколку дена подоцна во Шпанија се појави информација дека за 22-годишниот Сучиќ интерес покажал европскиот шампион Реал Мадрид и дека „кралскиот“ клуб будно ги следи настапите на новата хрватска ѕвезда.

Сучиќ во Шпанија дојде летово, кога Реал Сосиедад го купи од Салцбург за 10.000.000 евра.

Токму Лука Сучиќ на „Сантијаго Бернабеу“ би можел да биде замена за неговиот сонародник, Лука Модриќ, кој веројатно ја игра последната сезона во дресот на Мадрид.

Сепак, Сучиќ штотуку пристигна во Сосиедад, има договор до летото 2029 година, па големо прашање е дали и кога ќе ја промени средината. Засега е само на „радарот“ на најтрофејниот клуб во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната примарната трансфер цел на Реал Мадрид

Реал Мадрид веќе работи на трансферот на десниот бек на Ливерпул, Тренд Алексадер Арнолд, …