Eкипата на Вардар во СЦ „Јане Сандански“ утре ќе го игра првиот натпревар во Европа по пауза од две години.
Вардар обезбеди учество во ЕХФ Европската лига, а европската сезона ќе ја започне со натпреварот против исландски Валур.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Драго ми е што по две години се враќаме во Европа. Сите во клубот го посакуваа тоа. Не сме играле одамна Европска лига, но се надевам дека наскоро тука ќе гледаме натпревари и од Лигата на шампионите. Ќе играме против тим кој е малку познат на јавноста, тие се млада, но многу преспективна екипа која игра брз и модерен ракомет. Имаат млад играчи и неколку возрасни играчи со над 40 години.
Лани покажаа дека се подготвени да го освојат европскиот трофеј и го гледавме нивниот финален натпрвеар со Олимпијакос. Влегуваме во натпреварот како фаворити бидејќи играме во нашата сала и верувам дека можеме да ја оправдаме улогата“, изјави Недановски.
Вардар во натпреварот ќе влезе и ослабен бидејќи левиот бех Димитри Хориха сигурно нема да настапи, додека повреден е и Пинто, но Недановски очекува тој да се врати.
„Се соочуваме со повреди, Пинто е повреден, но би требало да се врати. Хориха за жал има тешка повреда на раката и нема да биде подолго време во тимот“, истакна Недановски.
Натпреварот помеѓу Вардар и Валур се игра утре од 20:45 часот.