Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп, не го повика најдобриот играч Килијан Мбапе за следните два натпервари во Лигата на Нации.
Француската фудбалска репрезентација овој месец ќе се соочи против Израел и Белгија во Лигата на нации, а Дешамп даде објаснување за изненадувачката одлука.
Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Во тимот се враќаат двајцата играчи на Челси, Кристофер Нкунку и Весли Фофана.
„Разговарав со Килијан и поради неговата ситуација, која се уште е неизвесна, откако се појави на натпреварот во средата, има натпревар во сабота и е под знак прашалник. Тој нема сериозен проблем, но треба да се лекува за да се опорави правилно“, изјави Дешамп.