Французинот Антоан Гризман летово ја напушти компанијата „Пума“ со која соработуваше во изминатите години.
Од почетокот на сезоната Гризман играше со црни копачки, но изгледа брзо го пронашол новиот технички спонзор. Во медиумите сега се пишува за копачките кои ги носеше во дербито против Реал Мадрид.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Имено, Гризман носеше копачки од марката „Копста“ која не е ниту посебна компанија туку бренд на ланецот „Декатлон“. Моделот со кој Гризман играше има вредност од околу 65 евра и тоа е чудно затоа што е познато дека големите ѕвезди секогаш носат скапа опрема.