Баерн Минхен вчера претрпе пораз од Астон Вила во Лигата на шампионите, а по овој натпревар медиумите во Германија не штедеа критики кон избраниците на Компани.
Најмногу критикувани се Хари Кејн и голманот Мануел Ноер кој е означен како виновник за постигнатиот гол на Дуран.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кејн беше оценет со најлошата можна оценка на „Билд“ (п.д 5 од 6). Во целиот натпревар тој упати само еден удар кон противничкиот гол.
„Се врати во Англија и стана невидливи, но не направи ништо и против Леверкузен“.
Не беше поштеден ниту Мануел Ноер.
„Каде беше Ноер? Стилот на игра кој му е ризичен беше казнет при постигнувањето на голот. Стоеше предалеку“, пишува весникот.
Кејн и Ноер беа тие кои најмногу се критикуваа, меѓутоа се испраќаа критики и за Коман и Дејвис.