Дома Фудбал Лига на шампиони Еве што кажа англиската легенда за маестралниот Џеко! (Фото)

Еве што кажа англиската легенда за маестралниот Џеко! (Фото)

Фудбалерите на Рома вечерва ремизираа на гостувањето против Челзи во спектакуларниот меч од ЛШ кој беше завршен со резултат 3:3.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Плавите“ по првото полувреме водеа со 2:1 и се чинеше дека ќе запишат нови три бода, но така не мислеше и Един Џеко. Босанскиот интернационалец во второто полувреме беше брилијантен и постигна два фантастични погодоци за пресврт во корист на Рома. Сепак, домашниот состав успеа преку Азар да издејствува бод од мечот.

По натпреварот, главна тема на социјалните мрежи беше Џеко кој го воодушеви фудбалскиот свет со своите погодоци. На твитер се огласи и легендарниот Гери Линкер кој го сподели фантастичниот погодок на Џеко за 2:2.

„Челзи водеше со 2:0, а сега губи со 2:3. Благодарение на Един Џеко во суштина. Не се шегувам“, вели Линкер на својот профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…