Oд Европската куќа на фудбалот направија промена за натпреварот помеѓу ПСВ и Спортинг во Лигата на шампионите.
Во овој натпревар УЕФА го промени четвртиот судија Фабио Мареска. Овој судија се најде во центарот на вниманието бидејќи на натпревар во првенството на Кувајт каде што судел му се заканувал на еден од фудбалерите со смрт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот јавно објавил што му се случувало во натпреварот, а сето тоа стигнало и до УЕФА од каде што по итна постапка е отстранет од листата.
Мареска повеќе нема да суди натпревари во Лигата на шампионите, додека на споменатиот натпревар ќе го замени неговиот сонародник Даниеле Довери.
Средбата помеѓу ПСВ и Спортинг се игра вечерва од 21:00 часот.