Дома Топ вести Фудбалерите на Атлетико ги поздравија навивачите кои го предизвикаа прекинот, остатокот од стадионот збесна 🎥

Фудбалерите на Атлетико ги поздравија навивачите кои го предизвикаа прекинот, остатокот од стадионот збесна 🎥

Фудбалерите на Атлетико Мадрид во вчерашното дерби налутија голем дел од своите фанови кои присуствуваа на „Ванда Метроплитано“ каде што одиграа 1:1 против градскиот ривал.

Натпреварот во второто полувреме беше во прекин 15-тина минути поради нереди кои ги предизвикаа фановите кои беа сместени зад голот на Тибо Куртоа.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Атлетико до бод стигна со голот на Анхел Корера во последните моменти, а по последниот судиски свиреж играчите на „јорганџиите“ тргнаа токму кон фановите зад голот.

Таквиот потег не се допадна на големиот дел од публиката во останатио дел од стадионот. Тие не можеа да разверат поради што ги поздравија токму навивачите кои испровоцирани од нивниот поранешен голман предизвикаа прекин на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ФИФА го суспендира Самуел Ето

Поранешниот камерунски напаѓач, Самуел Ето е суспендиран на шест месеци од страна на ФИФА.…