Eкипата на Барселона од почетокот на сезоната игра одлично во шпанската Ла Лига каде што по седум кола има максимални седум победи.
Секако за ваквите резултати големи засилуги има тренерот Ханси Флик кој и во ситуација кога има повредени фудбалери успева да победува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со седумте стартни победи, Германецот направи нешто што претходно им успеало само на двајца тренери. Таков старт во Барселона имале само уште Тата Мартино кој стигна до осум победи во 2013 година и Ернесто Валверде во 2017 година кога застана на седум триумфи.
Ова значи дека на Флик му се потребни уште две победи во наредните две кола за да стане рекордер.