Дома Фудбал Србија и Албанија организираат ЕП во фудбал: На чекор до официјална потврда од УЕФА!

Србија и Албанија организираат ЕП во фудбал: На чекор до официјална потврда од УЕФА!

Во текот на летово се појавија информации дека Србија и Албанија би можеле заеднички да го организираат Европското првенство за фудбалери до 21 година, а како што пристигнуваат информации од Швајцарија и официјално ја поднеле својата кандидатура.

Имено, како што пренесе УЕФА, а пренесе Асошиејтед прес, овој четврток, на 26 септември, Србија и Албанија официјално ги исполниле сите услови и го „победиле“ рокот што го имаа за поднесување на апликацијата, за заеднички да го организираат Европското првенство.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


На овој начин Србија и Албанија дојдоа на чекор од организација на турнир со 16 селекции, кој се одржува на секои две години, а притоа потребни се дури осум стадиони за да бидат домаќини на дури 31 натпревар.

Претходно и двете страни порачаа дека ова е можност да се испрати „добра политичка порака“ и дека ова е исклучиво фудбалски проект.

Нивни ривали на оваа трка се Белгија и Турција, додека конечната одлука се очекува на 16 декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик има одличен старт во Барселона: Вакво нешто им успеало само уште на двајца тренери

Eкипата на Барселона од почетокот на сезоната игра одлично во шпанската Ла Лига каде што п…