Eкипата на Фенербахче беше поразена во дербито со Галатасарај од турската Суперлига, а неколку дена по овој натпревар Жозе Мурињо испрати критики до организаторите на оваа средба.
Критиките Мурињо го испрати поради прес-конференцијата за која како што вели Мурињо морал да чека повеќе од еден час.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Во мојата 24-годишна кариера никогаш не сум избегнал прес-конференција, посебно не би го направил тоа по пораз. Не се плашам од новинарски прашања. Но, нема никаква смисла да се чека 75 минути, никогаш не ми се случило такво нешто.
Сакав да си заминам, меѓутоа не ми дозволија, морав да чекам повеќе од еден час. Нема никаква врска со резултатот, едноставно не е во ред, се покажува непочтиување“, изјави Мурињо.