Дома Фудбал Фабрегас презадоволен: Можевме да победиме и поубедливо, ова е само почеток!

Фабрегас презадоволен: Можевме да победиме и поубедливо, ова е само почеток!

Tренерот на екипата на Комо, Сеск Фабрегас беше задоволен од победата која ја забележа неговioт тим против Аталанта во рамките од петтото коло, но истакна дека можеле да слават и поубедливо.

Комо со 3:2 вчера ја совлада Аталанта и тоа со пресврт откако во првиот дел губеше со 0:1. За избраниците на шпанскиот стратег ова беше прв триумф во најсилната италијанска конкуренција. .

„Одигравме добар натпревар, создадовме многу шанси, ги притиснавме. Се надевавме дека ќе победиме еден од најдобрите европски тимови и успеавме во тоа. Кога ќе дојдеш во Бергамо и ќе си заминеш со победа значи дека сте одиграле одличен натпревар“, изјави Фабрегас.

Комо моментално е на 15. место на табелата во Серија А со пет бода.

“Задоволен сум од сите сегменти од играта. Мислам дека можевме да победиме поубедливо. Заслуживме повеќе и на претходните натпревари. Ова е само почеток”, изјави Фабрегас.

Комо ќе ја пречека Верона во следното коло од италијанскиот шампионат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…