Дома Фудбал Репрезентации Уште еден доказ дека има проблем: Пикси сега воопшто не ги повика Савиќ и Влаховиќ

Уште еден доказ дека има проблем: Пикси сега воопшто не ги повика Савиќ и Влаховиќ

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси денеска го објави поширокиот список на фудбалери на кои ќе смета за дуелите во Лигата на Нации со Швајцарија и Шпанија.

Во третото коло од Лигата на Нации, Србија ќе игра против Швајцарија на 12 октомври во Лесковац, додека три дена подоцна ќе и гостува на Шпанија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Помеѓу 28. фудбалери на списокот на Пикси ги нема Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Душан Влаховиќ. На списокот се најде и 17-годишниот талент на Црвена Звезда, Андрија Максимовиќ.

Савиќ и Влаховиќ не беа ниту на претходниот репрезентативен собир, тогаш беа на списокот, но го откажаа повикот. Официјалниата информација за Савиќ беше повреда иако нормално тренираше и настапуваше за Ал Хилал, додека Влаховиќ одбивањето на повикот го оправда со „семејни причини“.

За јавноста е јасно дека ниту едното, ниту другото не е вистина, а тоа што сега ги нема воопшто на списокот е доказ дека владее проблем помеѓу нив и селекторот. Минатиот собир го пропушти и Александар Митровиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…