Второлигашот Охрид потврди дека Никола Илиевски Џиџи повеќе не е тренер на првиот тим.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од редовите на Охрид преку социјалните мрежи потврдија дека Илиевски си поднел оставка по четири кола во новата сезона.
„После вчерашниот натпревар против екипата на Башкими доскорашниот тренер Никола Илиевски – Џиџи си поднесе оставка која што беше прифатена од раководството на ГФК Охрид. Му се заблагодаруваме за напорната работа и досегашната соработка, среќно во понатамошната кариера.“, објави Охрид.
На табелата Охрид по четири кола има само еден бод и се наоѓа на последното место.