Дома Фудбал Италија Се појави нов кандидат: Ибрахимовиќ носи поранешен соиграч на клупата на Милан?

Се појави нов кандидат: Ибрахимовиќ носи поранешен соиграч на клупата на Милан?

Во Милан не се задоволни со Пауло Фонсека и резултатите кои ги бележи од почетокот на сезоната, па поради тоа на големо се најавува негова смена.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Последната шанса да си ја спаси работата Фонсека ќе има во дербито со Интер кое е закажано за в недела и неуспех во овој дуел веројатно ќе значи и отказ за Португалецот.

Како главни фаворити за клупата на „росонерите“ во изминатиот период се споменуваа Томас Тухел и Един Терзиќ, но сега се појави ново име. Наводно, Ибрахимовиќ сака да го види Игор Тудор на клупата на тимот.

Ибрахимовиќ со Тухел беше соиграч во Јувентус и како што се наведува има голема почит кон него и му се доапаѓа цврстиот карактер и способноста да ја промени состојбата во тимот. Исто така се истакнува и дека Тудор би бил финансиски поефективна опција.

Од почетокот на сезоната Милан во првите четири кола има победа само против Венеција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Жиру не мисли на пензија: На 40 години потпишува за нов клуб!

Легендарниот француски напаѓач Оливие Жиру во септември ќе наполни 40 години, но и покрај …