Дома Фудбал Италија Во Милан веќе се разговара за отказ на Фонсека: Познат и првиот фаворит

Во Милан веќе се разговара за отказ на Фонсека: Познат и првиот фаворит

Екипата на Милан вчера во Лигата на шампионите претрпе пораз од Ливерпул со 1:3, а овој пораз само дополнително го зголеми незадоволството помеѓу навивачите.

Не е толку проблем самиот пораз од англискиот гигант, навивачите најмногу замеруваат на слабиот старт на сезоната во италијанското фудбалскор првенство.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Милан дури против Венеција во минатото коло ја забележа првата победа во петтото коло. Од можни 12 бодови „росонерите“ освоија пет.

Незадоволството на фановите на Милан можеше да се забележи и со свирежите упатени во вчерашиот дуел. Веќе за викендот „рососонерите“ ги чека тежок испит бидејќи го играат градското дерби против Интер.

Новинарот Маурицио Пистоки кој важи за близок со случувањата во Милано објави дека разговорите за смена на Фонсека веќе се започнати. Наводно, како фаворит за наследник на португалскиот стратег е Масимилијано Алегри.

Според информациите првични разговори имало и Алегри е спремен да се врати во Милан. Во раководството сметале дека Алегри кој е познат по дефанзивниот стил на игра може да придонесе за цврстина во последната линија, нешто што сега го немаат „росонерите“.

Алегри ќе потсетиме е без ангажман од заминувањето од Јувентус по крајот на минатата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нова мајсторија на Јамал🎥

Ламин Јамал блеска во дресот на Барселона оваа сезона и вечерва постигна фантастичен гол в…