Дома Фудбал Лига на шампиони Mилер во неверојатната победа на Баерн против Динамо сруши рекорд на Чави

Mилер во неверојатната победа на Баерн против Динамо сруши рекорд на Чави

Баерн Минхен вчера го декласираше Динамо Загреб со неверојатни 9:2 и тоа беше првпат еден тим на прими девет голови во натпревар од Лигата на шампионите.

Во овој натпревар срушени беа повеќе рекорди, но свој рекорд запиша и германскиот ветеран Томас Милер.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Имено, овој натпревар за Милер беше 152. во дресот на Баерн во елитното европско натпреварување. Со оваа бројка тој го надмина Чави Ернандез кој за Барселона одигра 151 натпревар. Станува збор за рекорд поставен со настапи за еден тим.

Првиот натпревар во Лигата на шампионите, Милер за Баерн го одигра во 2009 година, а со баварците стигна и до две европски титули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Еве кои досега обезбедија пласман на Светското првенство

ОД 48 РЕПРЕЗЕНТАЦИИ, колку што ќе учествуваат следното лето на Светското фудбалско првенст…