Младата фудбалска селекција на Македонија до 15 години одигра уште еден добар натпревар и запиша нова победа на меѓународниот УЕФА развоен турнир кој годинава се одржува во Молдавија.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во втората рунда од меѓународниот турнир, избраниците на селекторот Иљами Исени сосема заслужено остварија победа над соодветната селекција на Андора со убедливи 3:0
Од самиот старт, Македонија наметна иницијатива, го притисна противникот на неговата половина, играше отворено, а тоа вроди со погодок уште во 14. минута. Крстевски по одличниот продор упати ефективен пас до Васовски, кој ја искористи одличната ситуација во која се најде и постигна гол за водство од 1:0. Во 28. минута одлична можност за нашите фудбалери, Бочески испрати одличен удар од далечина, но голманот на Андора имаше одлична интервенција, со што не дозволи зголемување на водството. Во 35. минута и Васоски се најде во одлична можност, но неговиот удар заврши покрај голот на противникот.
Во продолжението, Крстевски и Алими не искористија нови добри прилики за погодок. Во 59. минута, сосема заслужено, нашите млади фудбалери преку Велески дојдоа до предност од 2:0. Во 90. минута Ристиќ по одличниот соло продор постигна нов погодок за Македонија со кој беа поставени конечните 3:0.
Меѓународен УЕФА развоен турнир Молдавија 2024;
Репрезентации до 15 години;
Македонија – Андора 3:0 (1:0);
Македонија: Андреј Јанкуловски, Зубер Мурсел, Матеј Фенев, Кристијан Нелоски (к), Амар Акики, Матеј Бочески, Љис Имери, Виган Таири, Марин Крстевски, Павел Стојанов, Петар Васоски;
Резрви: Димитар Петров, Калин Аврамовски, Михајло Павлов, Стефан Ристиќ, Адриан Велески, Аријон Алими, Дардан Адеми, Коста Георгиевски, Огнен Сивевски;
Селектор: Иљами Исени;
Во првото коло, младите фудбалери на Македонија ја совладаа Ерменија со 2:1. Во последното коло ќе се соочиме со домаќинот на турнирот, селекцијата на Молдавија.