Дома Фудбал Англија Не се откажува: Касемиро се обиде да го спречи Гарначо да слави како Роналдо, но Аргентинецот беше упорен 🎥

Не се откажува: Касемиро се обиде да го спречи Гарначо да слави како Роналдо, но Аргентинецот беше упорен 🎥

Aргентинецот, Алехандро Гарначо постигна два гола во убедливата победа на Манчестер Јунајтед против Барнли од 7:0, а напаѓачот повторно се најде во центарот на вниманието поради прославата на неговиот гол.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гарначо како и на претходниот натпревар славеше во стил на Португалецот. Ваквите негови прослави привлекуваат посебно внимание поради критиките кои неодамна ги испрати Роналдо на сметка на Тен Хаг.

Неодамна беше забележан и „лајк“ на Гарначо на објава каде што Роналдо го критикува холандскиот стратег.

Во минатиот натпревар по објавената фотографија како слави на начинот на Роналдо, Бруно Фернандеш му коментираше: „Ти навистина си глупав“, а сега Касемиро се обиде да го спречи да прослави како Португалецот, меѓутоа Гарначо беше упорен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нејмар ќе пропушти повеќе од еден меч на СП!

Бразилската репрезентација доби лоши вести пред продолжението на Светското првенство, биде…