Милан постигна договор со голманот Мајк Мењан за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми.
Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милан му понудил нов договор до 2028 година со зачително зголемување на платата и се очекува Мењан да биде еден од најплатените фудбалери на тимот со плата од 6 милиони евра по сезона.
Французинот иако имаше и други понуди сепак се одлучил да ја прифати понудата на „росонерите“ и да остане на „Сан Сиро“.
Mike #Maignan is getting closer to extend his contract with #ACMilan until 2028 (€6M/year). Positive talks with his agents and #Milan are now confident to complete the deal in the next weeks. #transfers https://t.co/59E4UbTmhb
— Nicolò Schira (@NicoSchira) September 16, 2024