Италијанскиот стратег, Џенаро Гатузо беше пресреќен поради победата на неговиот тим во големото дерби против Динамо Загреб, а задоволството не го криеше и на прес-конференцијата по натпреварот.
Новинарите не пропуштија да го прашаат и за заминувањето на Никола Калиниќ кој ја напушти функцијата спортски директор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанецот не се плашеше да му даде поддршка, па дури и ја посвети победата на него.
„Дали имам страв од отказ? Се плашам само од смртта, но јас живеам за фудбалот и ја сакам оваа работа. Заработив доволно во кариерата и можам да живеам удобно без нитшо да правам, меѓутоа ова ме исполнува. Читавте што се случува во клубот, имаше различни верзии, а се што можам да кажам е дека Калиниќ не е лажго.
Ме убеди да дојдам тука тврдејќи дека Хајдук е религија и затоа победата му ја посветувам него. На последната прес-конференција претседателот кажа дека не зборуваме десетина дена, тоа не е точно. Ние не зборуваме цел месец. Но, би бил го*но од човек ако сега ги напуштам овие момци“, изјави Гатузо.