Џејдон Санчо во последниот ден од преодниот рок го напушти Манчестер Јунајтед и кариерата ќе ја продолжи во Челзи.
Поради конфликт со тренерот Тен Хаг, претходната сезона ја мина на позајмица во Борусија Дортмунд, а сега ќе продолжи во Премир лигата.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
„Тој е токму она што го очекувавме. Тој е многу добар играч, особено во ситуации еден на еден и има квалитет во последната третина. Сигурен сум дека ќе ни биде од помош“, изјави тренерот Мареска.
Во Челзи на неговата позиција има огромна конкуренција, па останува да видиме каква минутажа ќе добие Санчо.