Дома Топ вести Јамал има големи амбиции: Откри која е неговата цел во Барселона

Јамал има големи амбиции: Откри која е неговата цел во Барселона

Талентот на Барселона, Ламин Јамал истакна дека негова желба е да стане легенда на Барселона и ако тој се прашува никогаш не би заминал.

Од своето деби, Јамал сруши многу рекорди, но верува дека најдоброто од него допрва следи.

„Не би сакал никогаш да ја напуштам Барселона. Моја желба е да станам легенда на овој клуб. Навистина ми годи тоа што ме споредуваат со најдобриот во историјата, Лионел Меси, меѓутоа јас сакам да бидам оригинален, Ламин Јамал, нивото на Меси е тешко да се достигне“, изјави Јамал.

Нико Вилијамс многу се поврзуваше со Барселона, но на крајот не дојде.

„Сакам секоја недела да играм со Нико, навистина ми е добар пријател, не знам дали следната сезона ќе дојде, ќе видиме“, додаде Јамал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Покетино за случајот со Манчестер Сити: „Ако од 115 обвиненија си виновен за 114, тешко е да знаеш каква казна би била праведна“

Маурисио Покетино го коментираше случајот со Манчестер Сити и бројните обвиненија за навод…