Португалецот Кристијано Роналдо руши рекорди на фудбалските терени, меѓутоа и надвор од нив.
Ѕвездата на Ал Наср и португалската репрезентација стана првиот човек со над една милијарда следбеници вкупно на социјалните мрежи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неодамна, Роналдо отворо јутјуб канал каде што за една недела надмина над 50 милиони следбеници со што сега ја мина границата од една милијарда.
Роналдо на Инстаграм го следат повеќе од 639 милиони луѓе, на Фејсбук 170, а на Твитер 113. Сега заедно со јутјуб и помалите социјални мрежи дојде до бројката од милијарда.
„Испишавме историја – МИЛИЈАРДА следбеници! Ова е повеќе од бројка, доказ за нашата страст и љубов кон играта. Од улиците на Мадеира до најголемите терени во светот, секогаш играв за моето семејство и сите вас, заедно сега сме милијарда. Ви благодарам што верувавте во мене и што ме поддржувате. Допрва доаѓа најдоброто“, објави Роналдо.