Jасно е дека Англичанецот е мета, но скоро и да нема начин трансферот да биде реализиран…
Реал Мадрид силно го посакува Хари Кејн, но секако дека сумата од 200 милиони евра не делува реално.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се шпекулира и дека „кралевите“ сакаат во целата работа да го вклучат и Герет Бејл, но Велшанецот нема намера да се пресели во поранешниот клуб. Бејл зане дека клубот од Лондон не би можел да му ги исплаќа огромните примања поради јасно дефинираната платежна структура во клубот.
Новиот капитен на Англија би можел да побара да замине, јасно е дека во некој друг клуб би добил и тројно поголема плата, но од друга страна Тотенхем тешко ќе успее да пронајде негова замена.
Од друга страна, Реал е спремен да се откаже и од Бензема, иако Французинот го продолжи договорот, но тука огромна препрека е Кристиано Роналдо кој не сака ниту да слушне за продажба на својот најдобар пријател и соиграч.
Бензема е на „удар“ на медиумите, во новата сезона постигна два погодоци, многу промашуваше, навивачите се лути и сметаат дека Зидан направил грешка кога го пушти Мората да замине, а го остави Бензема.
И Французинот можеби би сакал трансфер на Островот, долго време се поврзува со Арсенал. Кога е Тотенхем во прашање, веројатно и тие не би прифатиле пари и Бензема во замена за Кејн бидејќи Французинот веќе има 29 години и многумина сметаат дека неговите најдобри денови се веќе минато.