Капитенот на белгиската репрезентација Кевин Де Брујн остро ја критикуваше играта на својот тим по поразот од Франција.
Белгија не успеа сериозно да се закани на Французите, а Де Брујн беше искрен во изјавите по натпреварот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
“Не можам да кажам овде што не беше во ред. Веќе им кажав на соиграчите на полувремето. Не можам да го повторам истото сега во медиумите, но јасно е дека треба да играме подобро. Ако не сме доволно добри за да стигнеме поранешно ниво, тогаш треба да дадеме се од себе на теренот.ј“, изјави Де Брујн, но не застана ниту тука:
„Имаме премногу играчи позади. Ако има шест играчи позади, тогаш немаме поврзаност на теренот.. Не се работи за транзиција, туку за играчите кои не го одработуваат она што треба “, заклучи Де Брујн.
Медиумите шпекулираа и дека Де Брујн се заканил со напуштање на репрезентацијата.