Дома Фудбал Останато Култниот српски клуб пред распад: Губат и по 11:0, но – навивачите ги полнат трибините!

Култниот српски клуб пред распад: Губат и по 11:0, но – навивачите ги полнат трибините!

Екипата на Рад од Белград до пред 9-10 години беше стабилен српски прволигаш и во 2015 година играше четвртфинале во Купот на Србија, а сезоната ја заврши на шестата позиција.

Но во 2021 година полека започна падот на клбуот, тогаш испаднаа во втората српска лига. Првата сезона во второлигашкото друштво ја завршија како 11-ти на табелата, но веќе во втората беа последни и испаднаа.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Во третата лига играа само една сезона, но не се вратија во втора, место тоа дојдоа до зонската лига, четврто по ранг натпреварување во Србија.

И сезонава играат тука, а започнаа катастрофално. По првите четири кола имаа гол-разлика од 0:29, а губеа со 3:0, 8:0, 11:0 и 7:0.

Во целата приказна има и позитивна точка, а тоа се навивачите кои и во ваква ситуација во сосема солидна бројка се на трибините во секој натпревар и навиваат за својот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид запре трансфер на еден од фудбалерите – што значи тоа за Алонсо?

Ендрик беше речиси сигурен да се приклучи на Лион во зимскиот трансфер период, а толку е у…