Дома Фудбал Лига на нации: Франција подобра од Белгија, Италија лесно против Израел

Лига на нации: Франција подобра од Белгија, Италија лесно против Израел

Фудбалерите на Франција ја совладаа Белгија во Лион, додека Италија беше подобра од Израел како гостин во Будимпешта.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французите беа подобри со 2:0 од Белгија и ја оправдаа улогата на фаворити во второто коло од Лигата на нации.

Стрелец на првиот гол беше Коло Муани во 29. минута од натпреварот, а работата практично ја заврши Усман Дембеле со гол во 57. минута од натпреварот.

Белгија во ниту еден момент не покажа зошто е прва репрезентација на ФИФА ранг листата, додека Французите изгледаа доминантно по поразот од Италија во првото коло.

Италијанците го победија Израел со 2:1.

Италија поведе во 38. минута со голот на Фратеси, а Мојс Кин го удвои водството по 62 минути игра.

Единствено што успеаја Израелците беше голот на Абу Фани во 90. минута од натпреварот за конечни 2:1.

Италија е прва на табелата од групата 2 од Лигата А со шест бода, Белгија и Франција имаат по 3 бода, додека Израел нема бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо беше во солзи. Погледнете како Јамал го воодушеви со својата реакција

ШПАНИЈА го победи Португалија (1:0) во осминафиналето на Светското првенство со голот на М…